„Снајперот“ Букер со 28 поени на дуелот на тројки на олстар-викендот (видео)

Девин Букер имаше ноќ за паметење на натпреварувањето во шутирање тројки на олстар викендот, откако 21-годишниот кошаркар на Феникс санс стигна до фантастични 28 поени.

Букер пред две години стигна до финалето, но таму не успеа во пресметките со Стеф Кари и Клеј Томпсон, но овојпат кошаркарот на „сонцата“ беше подготвен за предизвикот. Клеј Томпсон постигна дури 25 тројки, но и тоа беше недоволно за да се биде подобар од Букер, кој реализираше 28 поени, за рекордно остварување и закитување со големото признание.

Се вчитува...