Со Австрија треба многу подобро…Не како со Гибралтар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Селекторот на младата фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, им напомена на своите избраници дека нов „кикс“ како против Гибралтар не смее да им се случи, а за некои од фудбалерите ова ќе биде и последна шанса што ќе треба да ја искористат. Претходната генерација ја навикна македонската фудбалска јавност на успеси, и сигурно дека поразот од аутсајдерот делуваше шокантно.

Јасно е, ќе мора многу подобро, а Австрија е добра шанса младите фудбалери до 21 година да покажат дека тоа беше сепак еден несреќен натпревар со многу нереализирани шанси. Но, во националниот дрес секогаш треба да се даде максимумот и да се извлече и последниот атом од силите. Треба тоа да го сфатат и овие нови момци во У21…

[new_royalslider id=”842″]

Се вчитува...