Со „Фалангата“ – ништо не е недостижно!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Македонските навивачи и на ова Европско првенство се „осми играч“ за нашиот ракометен национален тим. Се е полесно за Кире Лазаров и другарите кога зад себе како поддршка ја имаат и „Фалангата“. Денеска ги очекува нова жестока битка против европскиот првак Германија, а и ЕХФ е импресионирана од пасијата на Македонците за ракометот, посветувајќи и убав видеоматеријал.

Македонската забава во фан-зоната во „Роко“ во Загреб ќе стартува во 15 часот, по што голем дел од фановите заеднички ќе се упатат кон „Арена“.

Се вчитува...