Со Ѓоргев и Ангелов во нападот, Шишковски на голот против Португалија

ЕКИПА во Гдиња,

Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски

Како и што најави, македонскиот селектор Благоја Милевски со серија измени во почетниот состав ќе им се спротистави вечерва (20:45 часот) на Португалците во третиот натпревар на Македонија на Европското првенство во Полска.

На голот на македонската селекција, на местото на Игор Алексовски, ќе биде Дамјан Шишковски, во одбраната Мурати, Зајков, Бејтулаи и Попзлатанов, во средниот ред Барди, Николов и Бабунски и во нападот Радески, Ангелов и Никола Ѓоргев од првата минута.

Како што беше од претходно познато, поради повреда нема да може да се смета на Дарко Велковски, а од првата минута шанса добива Ѓоргев кој постигна убав погодок на дуелот со Србија. Во нападот повторно се враќа Виктор Ангелов, на местото на Даниел Аврамовски кој стартуваше претходно против Србите.

На клупата за резервни фудбалери, сепак, остана момчето кое внесе огромна свежина во нашата игра со влегувањето во второто полувреме на натпреварот со Србија.

состави

Се вчитува...