Со победи се гради позитивна атмосфера (фотогалерија) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59
Фудбал
25/07/2017 22:28
Фудбал
25/07/2017 21:52

Со победи се гради позитивна атмосфера (фотогалерија)

Со победи се гради позитивна атмосфера (фотогалерија)

Македонската кошаркарска репрезентација славеше над Бугарија, за уште еден чекор напред кон создавање на силен колектив и победнички дух во пресрет на претквалификациите за СП 2019. На сите им е јасно дека се може и во квалификациите ќе се мора подобро, но мора да се истакне и дека ова е само трет меч на „црвено-жолтите“ под водство на новиот селектор Јорданчо Давитков.

Правецот во кој се движи националниот тим е оној посакуваниот, одбраната е на високо ниво, во нападот функционираат повеќе оружја. Штета што центарската линија остана тенка, па борбата под обрачите сигурно ќе биде главен проблем во периодот што следи, но нема сомнеж дека оние кои ќе добијат шанса, предводени од големиот борец Ѓорѓи Чековски, ќе сторат се за да се подобри и овој дел од тимот.

Победите секогаш служат за градење на тимски дух и победничка атмосфера, така нека биде и овојпат. Давитков успеа да обедини многумина, не само со враќањето на дел од репрезентативците, туку и оние кои не играат, а беа присутни на трибините, како Антиќ, Дамјан Стојановски и Андреј Магдевски.

Тука беа и екс-селекторите Србиновски, Докузовски и Лазовски, како и бројни кошаркарски лица кои со нетрпение го очекуваат излезот од големата криза… за Македонија повторно да почне да се движи по нагорна линија, бидејќи местото дефинитивно не ни е при дното на европската кошарка.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.