Со три победи на “Трофеј Македонија”: Подобри и од БиХ!

Kошаркарската репрезентација на Македонија го завршува „Трофеј Македонија“ турнирот без пораз откако славеше и во третиот меч, овој пат против селекцијата на БиХ со 71-67.

Со оглед на тоа дека е трет натпревар за овие три дена, нашата репрезентација во натпреварот влезе во едно поинакво издание. Можеби причина за тоа беше ставот на БиХ, но македонските кошаркари за разлика од претходните два дена, пристапија на теренот со поголем фокус, и во напад и во одбрана.

Гостите со веќе познатата тактика вршеше пресинг на цел терен, но и избраниците на Давитков беа на ниво на задачата во извршување на дефанзивните обврски. И двете репрезентации немаа простор за да направат серија или пак да стигнат до двофицрена предност. Се играше поен за поен, предноста се менуваше од напад во напад, но првата четвртина сепак припадна на Босанците, но со само еден поен разлика(18-19).

IMG_3432

Уште на почетокот од втората четвртина Македонија превзеде минимална контрола врз мечот. Босна промаши две слободни фрлања во првиот напад, а нашиот национален тим преку Стојановски стигна до предност која ја чуваше се до полувремето. Кон средината од втората четвртина, стигнавме до дотогаш највисоката предност од осум поени. Сите обиди на БиХ да се вратат резултатски беа безмалку, македонските кошаркари имаа одговор за секоја нивна реализација. На паузата нашите репрезентативци можеа да бидат задоволни што заминаа со предност од 40-35.

Според реализација третата четвртина беше најслаба. Добро е што во нашиот кош дозволивме само 11 поени, а постигнавме четири повеќе, односно 15, благодарение на тројките од Јаневски, Костовски и Тасовски. Босна се врати на само еден кош негатива, но во завршните 10 минути Македонија влезе четири поедни предност(55-51).

IMG_3499

Давитков може да биде задоволен од целокупниот приказ на неговите избраници, бидејќи денешната одбрана можеби беше најдобра во овој тридневен турнир. Нашата репрезентација остана фокусирана се до крајот, знаејќи дека треба само да се одржува предноста за конечен триумф од 71-67.

Најефикасни за нашиот национален тим беа Тасовски со 12 поени, односно Костовски со 10. Ѓуровски имаше перфектен учинок(4/4) од линијата за три поени, забележа 12 поени. За гостите, Лончар заврши со 15 поени, а втор кошаркар кај Босанците со двоцифрен учинок беше Атиќ со 13 поени.

Се вчитува...