Со ваков Штербик Ф4 е на дофат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар дефинитивно прераснува во ракометен тим од највисока класа. Го покажаа тоа „црвено-црните“ и вечерва против Кристијанштад, меч во кој бодовите му беа попотребни на противникот, во кој „вардарци“ не беа на посакуваното ниво, но на крајот сепак стигнаа до победата. Онака, како „голем клуб“, со рутинска игра и целосна контрола.

И секако, се е полесно кога на голот се има Арпад Штербик. Извонредниот голман брани фантастично од почетокот на оваа 2017 година, во ист ритам продолжи и денеска, бележејќи 21 интервенција. „Црвено-црните“ се свесни дека и претходно стигнувале до четвртфиналната фаза, но овојпат со право се оптимисти дека и таа пречка може да биде мината. Бидејќи со ваков Штербик Ф4 во Келн дефинитивно е на дофат.

[new_royalslider id=”531″]

Се вчитува...