Собрание на РФМ: Ракометот останува спорт број 1 во Македонија

Ракометната Федерација на Македонија денеска го одржа редовното Годишно Собрание, на кое раководството даде извештај за сработеното во изминатите 12 месеци. Впечатокот е максимално позитивен, со оглед на ратот на сите полиња,

„Би го издвоиле 6. место на СП У21 во Алжир на машката младинска репрезентација, кое е најдобар показател за резултатот од повеќегодишната систематска работа и континуирраните настапи на големи меѓународни натпреварувања. Ова селекција го направи најголемиот репрезентативен успех на светските првенства во било кој екипен спорт во историјата на Македонија“ – се вели во дел од извештајот за работа на РФМ, во кој се истакнува и одличниот настап во првата фаза од ЕП во Хрватска, пласманот во баражот на женската сениорска репрезентација, како и учеството на младинската ракометна репрезентација на ЕП во Словенија.

Ракометната Федерација на Македонија воедно во изминатиот период имаше низа интернационални активности, од кои најзначајно е учеството во заедничка кандидатура со Словенија и со Црна Гора за организација на сениорско женско Европско првенство во 2022 година.

Воедно, РФМ во месец јули 2018 година ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот за младинци, а договорено е во 2019 година Македонија да организира и Светско првенство за кадети.

„Ракометот веќе со години го носи приматот „Спорт број 1“ во државата, а со интензивираните активности в последната година, РФМ со сите сили и ресурси настојува да ја јакне неговата позиција национално и да постојано да го подобрува на меѓународно ниво. Ќе настојуваме тој тренд да продолжи и во иднина“ – се вели во заклучокот на извештајот на Ракометната Федерација на Македонија.

Се вчитува...