Соколи и Гостивар ги „мереа“ силите во „Борис Трајковски“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Екипите Карпош Соколи и Гостивар одиграа контролен натпревар во салата „Борис Трајковски“, во кој домаќините убедливо славеа со резултат од 93-78 над новиот прволигаш Гостиавр. Актуелниот вицешампион со овој меч полека се подготвува за квалификациските средби во ЛШ, па ова е добар начин да се провери напредокот.

Гостиварци тргнаа добро на стартот, успеаа да ја освојата првата четвртина со двофицрена предност, но пред полувремето Соколи го најдоа својот ритам и ја превзедоа контролата на мечот. Во продолжението тренерот на екипата од Карпош со употреба на голема ротација на клупата успеа да ја одржи предноста до самата завршница, во која славеја со убедливи 93-78.

Овој пораз за новоформираниот тим на Гостивар не значи ништо, избраниците Марјан Србиновски продолжуваат со напораната работа во пресрет на новата сезона.

[RoyalSlider Error] Incorrect RoyalSlider ID in shortcode or problem with query.

 

Се вчитува...