„Соколите“ направија брејк во Градски Парк (76-77)

Карпош Соколи оствари победа на гости (76-77) во „Градски парк“, во доигрувањето без гледачи, во првиот полуфинален меч од плејоф серијата против Работнички. По инцидентите што се случуваа синоќа во „Градски парк“, мечот беше прекинат при резултат 60-67, а последните десет минути се одиграа денеска, без присуство на публика. „Соколите“ беа посреќни на крајот и славеа триумф.

Работнички подобро ја отвори последната четвртина и стигна и до водство од 72-70, но Соколов со тројка повторно ја врати предноста за „соколите“. Сепак, и Мираковски покажа „снајперски“ способности, за 75-73 за домаќинот. Лабовиќ го израмни резултатот, а потоа Зековиќ погоди две слободни фрлања (75-77).

Мечот влезе во последната минута, а Чековски реализираше само еднаш од линијата за слободни. Соколи не го искористија следниот напад, а Владо Илиевски не успеа да погоди за три поени, за триумф на Работнички.„Соколите“ успеаја да направат брејк и да победат со 1-0 во полуфиналната серија.

Кога е комплетниот меч во прашање, најефикасен е Бојан Трајковски со 17 поени, а Драган Лабовиќ постигна 16.

Се вчитува...