„Соколите“ не трпат судиски неправди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

БИБЛ-лигата се повеќе се претвора во фарса кога станува збор за натпреварите на Карпош соколи. Затегнатите односи на релација управа на македонскиот клуб – челници на БИБЛ достигнаа кулминација со денешниот судиски грабеж за време на дуелот со Теодо, кој воопшто не се заврши откако македонскиот клуб предвреме го напушти теренот.

Низата судиски грешки, сите на штета на „соколите“ во првото полувреме продолжи и во третиот период, кога меѓу другото Теодо постигна поени по истек на времето за напад, не беше признат кош за македонскиот тим по очигледна блокада кога топката беше во надолно движење, бројни прекршоци исклучиво кај домаќините (Теодо во 7 минути игра во третиот период немаше ниту една лична грешка)…

Со ова страстите зовреа, па тренерот Николиќ реши да ги повлече играчите од теренот. Потег кој од спортски аспект дефинитивно е непопуларен, но во приватна лига како БИБЛ која треба да донесе квалитет, но и фер-плеј, дефинитивно знак дека ова натпреварување е далеку под стандардите што сака да ги наметне и постави.

Карпош соколи избра да игра во оваа лига за да го прескокне првиот дел од домашното првенство, но од сегашна перспектива, тоа се покажува како погрешен потег.

[new_royalslider id=”513″]

Се вчитува...