„Соколите“ одлични во Загреб, Цедевита во самиот финиш стигна до трилер победа

Кошаркарите на Карпош Соколи одиграа одличен натпревар на гостувањето против Цедевита во Загреб во првиот натпревар од 24. коло во АБА лигата, иако во драматична завршница не успеаја да стигнат до победа против второпласираната екипа во регионалното натпреварување.

„Соколите“ загубија со 81-77 (14-20,22-19,25-20,20-18), во меч кој беше одлучен буквално во последните секунди. Македонскиот состав одлично го почна мечот добивајќи ја првата четвртина со 14-20. Во продолжението домашните успеаја да воспостават контрола, но се играше максимално израмнето се до финишот. Пери на две минути пред крајот реализираше за Карпош Соколи за 78-77. Но, веднаш потоа Круслин погоди тројка за хрватскиот тим, за 81-77 што ја навести победата. Во следните два напади технички грешки на „соколите“ доведоа до тоа да се загубат шансите за изненадувања за конечни 81-77.

sokoli - cedevita 3

Најдобар во редовите на македонскиот тим беше Лабовиќ со 27 поени, додека Мавра мечот го заврши со 18 поени, а Трајковски постигна 14 поени. Во победничкиот тим предводеше Араповиќ со 16 поени, а Билан мечот го заврши со 14 постигнати поени.

По овој пораз Карпош Соколи остана на 9 победи и сега 15 порази, продолжувајќи ја битката за опстанок во лигата. Цедевита пак, повторно се зацврсти на втората позиција со 18 победи и шест порази.

Се вчитува...