Сосиедад броеше до три, а Вардар само се скри!

Македонскиот првак Вардар загуби со 3-0, во четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа. Но, не го подобри впечатокот, затоа што речиси и да не ја виде топката во текот на целиот меч, и наликуваше на вреќа за боксирање поставена пред својот шеснаесетник. Реал Сосиедад беше апсолутно доминантен.

odbranaЧедомир Јаневски паркираше автобус, со цврто крената рачна кочница, за противничкиот гол да се гледа само со двоглед. Во една ваква ситуација, Реал Сосиедад имаше огромен посед на топката и креираше шанси пред голот на „црвено-црните“, но овојпат и не беше толку ефикасен како на првиот меч во Скопје.

Хуанми во 31.минута го проби бункерот на Вардар, кога со удар со глава по корнерот од левата страна ја затресе мрежата на Гачевски. На оваа средба индиспониран беше четирикратниот стрелец од Скопје, Вилијан Жозе, кој не реализираше неколку изгледни шанси.

Real Sociedad - Vardar 4

Вања Марковиќ го упати единствениот шут за Вардар, во 45.минута, и тоа од голема далечина.

Во второто полувреме Реал Сосиедад повторно имаше комплетна контрола, напаѓаше, но како и да штедеше дел од силите за наредните мечеви. Во 69.минута, Алберто де ла Бела го постигна вториот гол за шпанскиот тим, и тоа со прекрасен волеј удар, по центаршутот од десната страна.

Во 81.минута, Јон Баутиста погоди за 3-0, откако беше одлично проигран со длабинска топка од Каналес.

До крајот, се обиде и нововлезениот Јанузај со неколку шутеви, но не беше прецизен.

РЕАЛ СОСИЕДАД – ВАРДАР 3-0 (1-0)

Стадион „Аноета“ во Сан Себастијан. Гледачи: 15.000. Судија: Шоргенхофер (Австрија). Стрелци: Хуанми 31’, Де ла Бела 69’, Баутиста 81’ (Реал Сосиедад). Ж. картони: Хамбарџумјан, Новак (Вардар).

РЕАЛ СОСИЕДАД: Рули, Еспиноза, Навас, Мартинез, Елустондо, Зубелдиа, Зурутуза (46’ Илјараменди), Каналес, Ојарзабал (70’ Јанузај), Хуанми, Вилијан Жозе (62’ Баутиста).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Глишиќ (64’ Велкоски), Марковиќ (64’ Муслиу), Николов, Фелипе, Барсегјан (75’ Блажевски), Џигаури, Итало.

Се вчитува...