СОСТАВИ ЛШ: Монако без Фалкао, Гвардиола го остави Туре на клупата

Радамел Фалкао нема да може да му помогне на Монако во обидот да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Колумбиецот влезе како резерва на саботниот меч со Бордо, но веднаш заработи незгодна повреда на колкот. Тој не ги мина последните лекарски прегледи, па тренерот Жардим реши да не ризикува со негов настап против „граѓаните“.

Во една таква ситуација Монако ќе игра со Жермен и Мбапе во нападот, двајца фудбалери кои одлично се снајдоа на последните неколку средби на кои Фалкао исто така не беше во составот.

На спротивната страна, Пеп Гвардиола реши да го остави Јаја Туре на клупата за резерви, па Де Бруин ќе игра нешто поповлечено од вообичаено и ќе биде задолжен за организација на нападите на Сити, пред Силва, Стерлинг и Сане и најистурениот во нападот Серхио Агуеро.

Кореа ќе му биде партнер на Гризман во нападот на Атлетико Мадрид за дуелот со Баер Леверкузен, откако Кевин Гамеиро отпадна од комбинација за овој настап. Опасност по голот на „фармацевтите“ ќе доаѓа и од Караско, а Томас ќе добие шанса во средниот ред во отсуство на капитенот Габи.

МОНАКО – МАНЧЕСТЕР СИТИ

МОНАКО: Субашиќ, Сидибе, Џемерсон, Раги, Фабињо, Бакајоко, Силва, Лемар, Жермен, Мбапе.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Кабалјеро, Сања, Стоунс, Коларов, Клиши, Фернандињо, Де Бруин, Стерлинг, Силва, Сане, Агуеро.

АТЛЕТИКО М. – БАЕР Л.

АТЛЕТИКО: Облак, Вршаљко, Годин, Хименез, Лукас, Томас, Саул Нигез, Коке, Кореа, Караско, Гризман.

БАЕР: Лено, Хилберт, Драговиќ, Вендел, Белараби, Баумгартлингер, Кампп, Брант, Воланд, Чичарито.

Се вчитува...