Состави ЛШ: Симеоне напаѓа со Торес и Гризман, Зидан со Роналдо и Бензема

Атлетико Мадрид вечерва (20.45 часот) на „Висенте Калдерон“ ќе го пречека Реал Мадрид во вториот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, и ќе се обиде да ја надомести негативата (0-3) од првиот меч. Тренерот Диего Симеоне направи промена во однос на првиот дуел, и сега го одреди Фернандо Торес како партнер на Антоан Гризман во нападот на „јорганџиите“. На првиот меч стартуваше Гамеиро.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се реши само за една промена, и тоа принудна, поради повредата на Карвахал. На позицијата десен бек сега ќе настапи Бразилецот Данило. Во нападот се Кристијано Роналдо и Карим Бензема, а зад нив ќе делува Иско.

АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД

АТЛЕТИКО МАДРИД: Облак, Хименез, Савиќ, Годин, Филипе, Габи, Саул, Коке, Караско, Гризман, Торес.

РЕАЛ МАДРИД: Навас, Данило, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Иско, Роналдо, Бензема.

 

Се вчитува...