Почнува СП во Франција – Со кого и кога ќе игра Македонија? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 16:51
Останато
23/06/2017 16:42
Фудбал
23/06/2017 15:50
Фудбал
23/06/2017 12:42

Почнува СП во Франција – Со кого и кога ќе игра Македонија?

Почнува СП во Франција – Со кого и кога ќе игра Македонија?

Со вечерашниот дуел меѓу Франција и Бразил и официјално ќе биде означен почетокот на 25.Светско ракометно првенство во ракомет. Македонија ќе игра во групата Б во Мец, заедно со Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. Пласман во осминафиналето на СП обезбедуваат првите четири репрезентации од секоја група, последните две селекции во групата продолжуваат во „Президент купот“.

За македонската репрезентација ова ќе биде петти настап на ракометните мундијали, трет во серија. Македонија дебитираше на СП во Египет во 1999 година, а потоа настапи на СП 2009 во Хрватска, СП 2013 во Шпанија и на СП 2015 во Катар. Капитенот Кире Лазаров е единствен ракометар од актуелниот состав на Македонија што играл на сите пет светски првенства.

СП во Франција ќе биде прво големо натпреварување за Македонија под водство на Лино Червар како селектор. Во составот за Франција, ќе има неколку дебитанти. Од досега стандардните репрезентативци кои беа дел од националниот тим на сите европски и светски првенства во поседните десет години, во македонската репрезентација ќе го нема Наумче Мојсовски кој ја заврши кариерата, ќе го нема и првиот голман, Борко Ристовски и Ацо Јоноски кои селекторот Червар ги изостави од репрзентативниот состав.

Распоред на натпреварите:

ГРУПА Б (МЕЦ)

1.коло :

четврток, 12 јануари

14.00 ч. Словенија – Ангола

17.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Тунис

20.45 ч. Шпанија – Исланд

2.коло:

сабота, 14 јануари

14.45 ч.  Словенија – Исланд

17.45 ч. Тунис – Шпанија

20.45 ч. Ангола – МАКЕДОНИЈА

3.коло:

недела, 15 јануари

14.45 ч. Исланд – Тунис

понеделник, 16 јануари

17.45 ч. Словенија – МАКЕДОНИЈА

20.45 ч. Шпанија – Ангола

4.коло:

вторник, 17 јануари

17.45 ч. Словенија – Тунис

20.45 ч. Ангола – Исланд

среда, 18 јануари

20.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Шпанија

5.коло:

четврток, 19 јануари:

14.00 ч. Тунис – Ангола

17.45 ч. МАКЕДОНИЈА – Исланд

20.45 ч. Словенија – Шпанија

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.