Спалети ќе биде нов тренер на Интер, го носи и Наинголан во Милано?

Лучијано Спалети, актуелниот тренер на Рома, ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Интер од следната сезона, информираат медиумите на Апенините. По неколку неуспешни обиди да се доведат Антонио Конте и Диего Симеоне, раководството на „нероаѕурите“ се реши за многу пореална опција, да го ангажира Спалети, кој јавно истакна дека ќе си замине од „Олимпико“ по завршувањето на сезоната.

„Мојата иднина е на друго место“, изјави Спалети во пресрет на последното коло од Серија А, кое ќе се одигра претстојниот викенд.

Челниците на Интер се надеваат дека Спалети би можел да го наговори и играчот за врска на Рома, Раџа Наинголан, да се пресели со него на „Џузепе Меаца“. За него се подготвени да платат 40 милиони евра. Но, за Наинголан постои голем интерес и од Челси, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Прашање е дали Белгиецот би се сложил да дојде во клуб кој следната сезона нема да настапува во Европа.

Се вчитува...