Спалети: Не размислувам за засилувања, туку како да си го задржам тимот

Италијанскиот калчолигаш Интер имаше одличен старт на сезоната во Серија А, но сега е во лоша низа од четири меча без победа, во кои и двапати ја почувствува горчината на поразот. Тренерот Лучијано Спалети верува дека тимот брзо ќе излезе од кризата, а потенцира дека не инсистира на засилувања оваа зима, туку размислува како да си го задржи тимот.

„Бидете уверени дека во овој момент не размислувам за засилувања. Повеќе главоболки имам како да си го сочувам тимот, кој играше одлично во овој дел од сезоната“, изјави Спалети.

За Мауро Икарди има интерес од Реал Мадрид, а за Иван Перишиќ „гризе“ Манчестер јунајтед. Но, Спалети се надева дека Интер ќе одолее на предизвикот и нема да ги продаде. Што се однесува до можните засилувања, се споменуваат Рамиреш, Ди Марија, Пасторе и Мхитарјан.

Се вчитува...