„Спартанците“ ја преслушаа и Албанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
22/08/2017 15:25
Меѓ. Фудбал
22/08/2017 13:31
Коментари
21/08/2017 19:51
Фудбал
21/08/2017 18:52

„Спартанците“ ја преслушаа и Албанија

„Спартанците“ ја преслушаа и Албанија

Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа во групната фаза во Европската лига, овојпат совладувајќи ја селекцијата на Албанија. Во соседскиот дуел нашите одбојкари повторно славеа со идентичен резултат како и против Азербејџан, со 3-0 во сетови (25-21, 25-16, 25-22).

Неизвесноста од првиот сет не беше пренесена во продолжението, па одбојкарите на Македонија беа најубедливи во вториот сет кога го освоија со 9 поени разлика, во кој во еден момент имаа и двоцифрена предност. Албанската репрезентација најголем отпор пружи во третиот сет, имаше и водство по првиот технички тајмаут, но „Спартанците“ беа фокусирани до крајот и ја извршија задачата максимално.

Со оваа победа Македонија е на првото место во групата А со шест бода, Шведска со триумфот над Азербејџан се искачи на втората позиција со три бода, додека Албанија еден помалку. Нашите одбојкари утре во 19.30 часот во рамките од третото коло ќе се сретнат со репрезентацијата на Шведска.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.