„Спартанците“ очекуваат триумф и над Албанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
28/06/2017 20:52
Фудбал
28/06/2017 19:50
Кошарка
28/06/2017 17:44
Тенис
28/06/2017 15:08

„Спартанците“ очекуваат триумф и над Албанија

„Спартанците“ очекуваат триумф и над Албанија

Македонските одбојкари денес ќе го одиграат вториот натпревар од групната фаза во Европската лига, овојпат против репрезентацијата на соседна Албанија (19.30 часот, СРЦ Кале). „Спартанците“ по вчерашната убедлива победа од 3-0 (25-19, 25-19, 25-20) во сетови над Азербејџан се надеваат дека ќе продолжат во исто темпо, а секако очекуваат огромна поддршка од трибините на СРЦ „Кале“. Албанија вчера приреди изненадување против Шведска, враќајќи сепо негативата од 0-2 за конечна победа од 3-2, што во секој случај е сериозно предупредување за нашите одбојкари.

Ова ќе биде четврти дуел помеѓу овие две репрезентации, а нашите одбојкари не знаат за пораз против Албанците. На претходните три средби Македонија забележала три победи, првата во 2013 година, додека останатите две беа пред точно една година во групната фаза од Европската лига.

„Искрено, очекував потежок натпревар против репрезентацијата на Азербејџан, но триумфиравме со убедливи 3-0. Одигравме доста зрело и искусно. Ги користевме нивните грешки, кои подоцна ни помогнаа да влеземе во нашиот ритам и да ги осигураме бодовите. Албанија со вчерашната победа не изненади и нас и Швеѓаните, така да очекувам дека ќе биде многу потежок меч. Ќе биде дерби за првото место, но ако одиграме на исто ниво како вчера, очекувам нов триумф за полека да ја запечатиме нашата позиција на табелата. Колку што можев да забележам, Албанците имаат два играчи кои се оптоварени во нападот, па ќе мора добро да ги затвориме. Треба да одиграме тактички зрело, доколку не оставиме многу простор за грешки, можеме да очекуваме нов триумф“, истакна капитенот на нашата репрезентација, Никола Ѓоргиев.

Дуелот е закажан за 19:30 часот со што ќе се комплетира второто коло од групата А, а претходно во салата „Кале“ силите ќе ги одмерат селекциите на Шведска и Азербејџан, со почеток од 17:30 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.