Спектакл на „Гробари“ за Жељко Обрадовиќ

Партизан вечерва во ревијален натпревар го пречека европскиот првак Фенербахче како увертира за новата сезона и петочното гостување во АБА-лигата против МЗТ Скопје.

„Црно-белите“ направија прекрасна кореографија во чест на тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ „92 – Добро паметам ме“, потсетувајќи дека овој стратег на почетокот од својата феноменална тренерска кариера во 1992 година со Партизан стигна до титулата европски првак.

obradovic partizan1

Обрадовиќ доби за подарок и дрес со истата посвета, што му беше врачен од својот поранешен кошаркар, Младен Шилобад, сега член на управата на партизан.

Се вчитува...