Спектакл на Медитеранот: Екстремен спуст на лизгалки во Марсеј!

Спортското натпреварување во екстремно лизгање ќе влезе храбро во нов свет овој викенд, кога најбрзиот светски спорт на лизгалки сосема спротивно на традиционалната сцена за зимските настани ќе има трка на благата медитеранска клима. Благодарение на најсовремениот систем за ладење и напредокот во градење патеки кои овозможија трки на мраз и покрај температурите кои се далеку над нулата, првата трка на Red Bull Crashed Ice од сезоната 2016/2017 ќе се одржи на стрмната и опасна 340-метарска патека која се спушта кон старото пристаниште на Марсеј.

Лизгачите ќе се спуштаат по четворица низ патеката со препреки со брзини до 80 километри на час, бодрени од толпата од илјадници гледачи. Првите двајца тркачи кои ќе поминат целната линија напредуваат во следната етапа, па нивниот број постепено се намалува од етапа во етапа, додека не стигнат од 128 натпреварувачи до четворица финалисти. Шампионот што ја брани титулата, Камерон Неш од САД, ќе ја отвори сезоната со можност да стане прв лизгач кој освоил две титули по ред, на патеката од вештачки мраз која ги поврзува двете најпознати монументални зданија на Марсеј – од стартот кај хотелот Дју, кој порано бил болница изграден во 1188 година, до брегот на познатото медитеранско градско пристаниште Ле Вју на кое функционира повеќе од 2600 години.

Но задачата нема да му биде лесна на почетокот од сезоната 2017 затоа што во чекор го следат поранешните шампиони Скот Кроксал (Канада), Марко Далаго (Австрија) , Дерек Веџ (Швајцарија), Кајл Кроксал (Канада) и Мартин Нифнекер (Германија), сите желни да ја освојат титулата. Французите Тристан Дужерди и Паком Шмит се двајца од тринаесетте спортисти кои ќе се натпреваруваат на домашен терен и се меѓу фаворитите за победа на трката Red Bull Crashed Ice во Франција. На трката ќе има спортисти од вкупно 22 земји и пет континенти: Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

„Комбинацијата од топло време со зимски спорт и празнично расположени луѓе во Марсеј ќе ја наелектризира атмосферата за овој спортски настан. Температурите во Марсеј нѐ примораа да го подобриме и заштитиме системот за мраз. Тоа е одличен технолошки напредок и отвора секакви можности низ целиот свет. Ќе продолжиме да ги прошируваме границите. Екстремното лизгање на мраз е спорт кој со текот на годините се здоби со популарност на зимските локации. Но, трката на брегот на Медитеранот навистина ќе го смени тоа, велат организаторите. Беа потребни 15 дена да се подигне платформата и патеката, а на проектот во тек на осум дена (вкупно околу 2300 часа) работеа 6 специјалисти и 24 асистенти за да ја создадат патеката од мраз со дебелина од 10 сантиметри“ – вели спортскиот директор на Red Bull Crashed Ice, Кристијан Папилон.

„Можноста за трка на мраз во услови на топла клима значи почеток на нова ера за екстремното лизгање на мраз. Тоа ќе придонесе за развивање на овој спорт во нови области и интересот за спортот значително ќе се рашири. Прекрасно е чувството да се биде дел од еден ваков напредок“ – рече експертот за настани Кристијан Севуа, кој во иднина предвидува одржување на овие трки во градови како Барселона, Рим, па дури и Истанбул.

Оваа сезона е предвидена со четири трки во премиерната серија и уште пет во Купот на возачите (Riders cup), каде што се добиваат помали поени, но се стекнува драгоцено искуство. Марко Далаго како победник на првата трка во Ваграин Клајнарл во Австрија влегува во Светското првенство со минимална предност, поточно со 250 бода, а од фаворитите Тристан Дужерди има 150, додека Паком Шмит собра 112,5 бода. Потоа сезоната продолжува во Јиваскила (Финска), Сент Пол (САД) и Отава (Канада). Трките од Купот на возачите предвидуваат посета на Ратулампи (Финска), Москва (Русија), Ла Сар и Батхурст (Канада).

Се вчитува...