„Специјална Олимпијада Македонија“ со програма „Млади атлети“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Останато
22/10/2017 20:35
Останато
22/10/2017 16:31
Фудбал
22/10/2017 16:26
Фудбал
22/10/2017 14:17

„Специјална Олимпијада Македонија“ со програма „Млади атлети“

„Специјална Олимпијада Македонија“ со програма „Млади атлети“

„Специјална Олимпијада Македонија“денес ја реализира презентацијата на програмата „Млади атлети“, на која беа презентирани придобивките за децата со и без интелектуална попреченост, преку демонстрација на стекнатите искуства на групите од Скопје и Тетово каде оваа програма се спроведуваше изминатите четири месеци.

Општестовото кое не ги согледува можностите на лицата со попреченост, само ги создава пречките и ги стимулира предрасудите. Токму затоа неопходно е да се отвориме кон овие лица и да ги охрабриме да се вклучат во сите сфери на живеење, а спортот е една од можностите кои ние ги нудиме. Инклузијата почнува од најмалите години. „Младите атлети“ се тие кои ќе ја водат инклузијата во Македонија “ – истакна Ана Петровска, Национален директор на „Специјална олимпијада Македонија“.

Програмата „Млади Атлети“е иновативна спортско – забавна програма наменета за деца со и без интелектуална попреченост на возраст од две до девет години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава. Оваа програма „Специјална Олимпијада Македонија“ веќе две години успешно ја спроведува со неколку групи деца, а сега има за цел да ја вклучи и во инклузивните училишта во земјата.

Програмата „Млади атлети“ е дел од еднодневната конференција „Спортуваме заедно за среќно детство“ се спроведува со поддршка од Европската унија и УНИЦЕФ преку регионалниот проект кој е финансиран од Европската унија и кофинансиран од страна на УНИЦЕФ „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“.

spec olimpijada1 spec olimpijada3 spec olimpijada4 spec olimpijada5

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.