Спировски: Без разлика кој ќе игра на терен, одиме на победа со Норвешка! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
17/11/2017 20:24
Фудбал
17/11/2017 15:37
Ракомет
17/11/2017 12:37
Кошарка
17/11/2017 9:55

Спировски: Без разлика кој ќе игра на терен, одиме на победа со Норвешка!

Спировски: Без разлика кој ќе игра на терен, одиме на победа со Норвешка!

И фудбалерот на унгарски Ференцварош, Стефан Спировски е максимално оптимистички расположен пред утрешниот пријателски натпревар на Македонија со селекцијата на Норвешка во Скопје.

Спировски верува дека може да се дојде до триумф, без разлика што националниот тим ќе биде без неколку стандардни репрезентативци…

„Како и на секој претходен натпревар, максимално сериозно му пристапуваме и на овој дуел. Ќе дадеме се од себе за продолжување на позитивните игри и победа на дуелот и со Норвешка. Атмосферата во селекцијата е навистина одлична иако ќе ни недостасуваат неколку репрезентативци, пред се првиот напаѓач Илија Несторовски. Но, подготвени сме да дојдеме до победата“ – вели Спировски.

Македонија досега нема победа од три дуели во историјата со Норвежаните, во кои имаме само едно реми и два порази…

„Тоа е статистика и ние не сакаме многу да се осрвнуваме на неа. Да, го цениме противникот но не го преценуваме. Веруваме во себе, и знаеме дека имаме и квалитет и сила да дојдеме до победа и со успех да ја заокружиме најдобрата година во историјата на нашата репрезентација“ – истакнува фудбалерот од средниот ред.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.