Спировски стрелец за триумф на дербито против Видеотон

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски го запиша својот втор гол сезонава во дресот на Ференцварош стрелајќи во дерби пресметката против Видеотон од 18. коло во шампионатот на Унгарија.

Спировски погоди во 34. минута за водство од 1-0 на Ференцварош, кој на крајот славеше со 3-1 пред своите навивачи.

По овој триумф, Ференцварош со 38 бода се израмни со Видеотон на врвот од табелата во најсилната унгарска лига.

Стефан Спировски утре на свечена церемонија на Фудбалската федерација на Македонија треба да го добие и признанието за наш најдобар фудбалер во 2017 година.

Се вчитува...