Спортска почит: Антетокумпо не сака да ги понижува противниците

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, поднесе барање до кошаркарската асоцијација да се тргнат од продажба маиците на кои има слика од неговото забивање над играчот на Њујорк никс, Тим Хардавеј јуниор. Ѕвездата на „елените“ не го скри незадоволството откако ги видел маиците како се нудат во сите продавници, па и преку интернет маркетите на НБА, смета дека тоа е непочитување и понижување на противникот.

„Сметам дека продавањето на маиците со таа слика е голема грешка. Не ми беше целта на забивањето да заврши на нечива маица, ниту пак да се продава. Тоа е непочитување и понижување на противникот“, изјави Антетокумпо.

Кошаркарот пред еден месец го направи овој сензационален потег забивајќи преку кошаркарот на никси, Хардавеј јуниор, а потегот стана толку популарен што НБА одлучи да го направи тоа производ и да заработи од тоа.

Јанис пак, убаво ги изненади сите следбеници на кошарката со неговиот став, и така „собра“ уште поголем број на фанови во САД и светот, покажувајќи дека се работи за голем професионалец и пред се добар човек, не само одличен кошаркар.

Се вчитува...