Спречена трагедија на каталонското дерби: Фан на Барселона пукал со пиштол

Барселона го совлада Еспањол на гости во каталонското дерби со 0-3, но шпанските медиуми пишуваат дека на овој дуел е спречена голема трагедија. Пред почетокот на дербито имало навивачки нереди пред стадионот, а на трибината каде се наоѓаат домашните фанови се појавил навивач во дрес на Барселона, кој носел огнено оружје. Потоа го извадил пиштолот и испукал неколку пати во воздух.

За среќа, полицијата брзо реагирала, го привела овој навивач и спречила голема трагедија на стадионот на Еспањол. Покрената е истрага за овој случај и се очекува виновникот да биде соодветно казнет.

 

Се вчитува...