Србија доминира и води со 1-0, Гачиновиќ го совлада Алексовски

Србија кон средината на првото полувреме поведе на дуелот со Македонија, откако Гачиновиќ се најде на вистинско место во вистински момент и од непосредна близина го совлада Алексовски.

Србите доминираат и по неколкуте неискористени шанси заслужено стигнаа до водство, но ситуацијата можеше да биде и поинаква доколку судијата од Шкотска имаше повеќе храброст. Имено, во акцијата при голот Марко Грујиќ лошо одглуми пенал. Доколку судијата се решеше за картон, тоа ќе беше и исклучување за членот на Ливерпул, кој претходно „пожолте“ за груб старт врз Николов, но арбитрите останаа неми, акцијата продолжи, а топката во мешаницата дојде до Гачиновиќ, при што фудбалерот на Ајнтрахт немаше тешка задача да ја смести топката во мрежата.

Македонија е далеку од ритамот што го одржуваше на мечот со Шпанија и јасно е дека нашите надежи мора да заиграат многу подобро доколку сакаат да стигнат до позитивен резултат на оваа средба.

Goal! Gacinovic U21 Serbia vs. U21 FYR… by TM-Entertainment

Се вчитува...