Србинките без Андреа Лекиќ против Македонија

Андреа Лекиќ сепак нема да го има својот камбек во репрезентацијата на Србија во текот на овој месец, кога северниот сосед ќе одигра две пријателски средби со националниот тим на Македонија. Иако се најде на списокот на српската национална селекција, Лекиќ денеска не се појави на првиот собир, како што јавуваат српските медиуми, поради приватни причини, по што станува јасно дека нејзините планови околу репрезентативната кариера сепак не се променети.

Лекиќ веќе неколку години е надвор од репрезентацијата, откако заедно со уште неколку ракометарки протестираше против работата на тогашниот селектор Саша Бошковиќ, барајќи негова смена. Ваквиот бунт не вроди со плод, Бошковиќ остана селектор, а против ракометарките беше стартувана дисциплинска постапка, но дури и по заминувањето на тогашниот кормилар Андреа Лекиќ се уште не се враќа во националниот тим.

Македонија и Србија ќе одиграат две контролни средби во салата „Автокоманда“ во Скопје, на 17 и 18 март.

Се вчитува...