Куманово продолжува со засилувањата за новата натпреварувачка сезона, па нов член на „сино-белите“ од денеска и официјално е Немања Миљковиќ.
Станува збор за српски кошаркар кој им се приклучува на кумановци од Катар, откако ја мина ланската сезона во дресот на Ал Ахли. Миљковиќ е висок 204 сантиметри и најдобро се снаоѓа на позицијата крилен центар, каде ќе му биде од голема помош на тренерот Игор Михајловски.
„Во Миљковиќ добиваме квалитетен кошаркар кој сигурно ќе ни биде од огромна помош во наредната сезона. Во преговори сме со потенцијално засилување на крилната позиција“ – истакнуваaт од КК Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА