Србите одлучија: Лалатовиќ ќе ги води младите на ЕП во Полска - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Кошарка
21/11/2017 16:21
Кошарка
21/11/2017 8:30
Кошарка
20/11/2017 20:52
Коментари
20/11/2017 12:12

Србите одлучија: Лалатовиќ ќе ги води младите на ЕП во Полска

Србите одлучија: Лалатовиќ ќе ги води младите на ЕП во Полска

Тренерот на Чукарички, Ненад Лалатовиќ ќе ја води младата репрезентација на Србија на Европското првенство во Полска, на шампионатот каде Србите се во група со Македонија. Лалатовиќ е именуван само за ЕП, а веднаш потоа Фудбалскиот сојуз на Србија ќе избира нов селектор, најверојатно Симо Круниќ.

Лалатовиќ ќе го наследи Томислав Сивиќ на клупата на селекцијата. Оваа одлука следи откако голем број тренери не го прифаќаа предизвикот да го водат тимот или, пак, некои не добија доверба од сојузот.

Прв пик за селектор беше Вељко Пауновиќ но тој одбра да работи во САД, а челниците на ФСС ги одби и Александар Станојевиќ, лут затоа што пред три години не беше именуван за селектор на сениорската репрезентација откако против неговиот избор се побунија челниците на Црвена Звезда.

Единствен тренер кој сам се нудел да биде селектор на младите е поранешниот тренер на Работнички, Драгољуб Беквалац, кој преку СМС пораки директно се нудел до претседател на ФСС, Славиша Кокеза.

Откако Кокеза изминатиов период очигледно го игнорирал, Беквалац стана и прв критичар на работата на ФСС но и на Ненад Лалатовиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.