Србите со нов селектор против Македонија на ЕП: Петриќ на местото на Сивиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
28/04/2017 21:43
Фудбал
28/04/2017 20:02
Фудбал
28/04/2017 10:08
Ракомет
27/04/2017 21:31

Србите со нов селектор против Македонија на ЕП: Петриќ на местото на Сивиќ

Србите со нов селектор против Македонија на ЕП: Петриќ на местото на Сивиќ

Сосема неочекувано Фудбалскиот сојуз на Србија се одлучи да ја прекине соработката со селекторот на младата репрезентација за играчи до 21 година, Томислав Сивиќ кој се избори за настап на Европското првенство 2017 во Полска.

Како што пренесува српски „Журнал“ во текот на денешниот ден се очекуваат комплетните детали околу причините за раскин на договорот со Сивиќ. Според најавите, нов селекторот на репрезентацијата до 21 година треба да биде довчерашниот тренер на Чукарички, Гордан Петриќ.

Србија е во група со Македонија на Европското првенство кое следната година од 15. до 30. јуни ќе се одржува во Полска. Во нашата група, како што е познато, се уште и селекциите на Шпанија и на Португалија.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.