Србите со пресврт славеа во Грузија, Турција подобра од Финска

Репрезентација на Србија со пресврт славеше со 1-3 на гостувањето против Грузија во Тбилис во петтиот натпревар од Групата Д во квалификациите за СП 2018 во Русија.

Грузијците, благодарение на киксот на Александар Коларов, поведоа со погодокот на Качарава уште во 6. минута. Но, најпрво во 44. минута Тадиќ израмни од пенал, а во второто полувреме следеше пресвртот. Митровиќ погоди во 64. минута за водство од 1-2, а Гациновиќ во 86. минута ги постави конечните 1-3.

По оваа победа, Србија со 11 бода се проби на првата позиција на табелата пред Р. Ирска која има 10 бода и натпревар помалку.

All & Goals & Highlights – Georgia 1-3… by LiveGoalsTVMijat Gacinovic Goal HD – Georgia 1-3 Serbia… by riqezi

Во Групата И, пак, Турција со 2-0 на домашен терен славеше против Финска. Стрелци на головите за Турција беше Ченк Тосун уште во 9. и во 13. минута…

All Goals & highlights – Turkey 2-0 Finland… by mohtv

Се вчитува...