Среде Кардиф најтрофејната фотка во светот: Зидан и седумте величенствени

Место на случување, националниот стадион „Милениум“ во Велс, непосредно пред финалето од Лигата на шампионите. Во средина Зинедин Зидан, а околу него поранешните фудбалери на Реал Мадрид од кои некои, заедно со него, ја пишуваа историјата на „кралскиот клуб“.

Една фотографија со повеќе од 20 титули во Лигата на шампионите…

Како фудбалер остави зад себе статус на икона, а сега Зинедин Зидан и тоа како пишува славни свои фудбалски денови и како тренер. Зидан е на чекор од нешто што не му успеа ниту на Мурињо, Анчелоти, Фергусон, Липи, Гвардиола… А, на патот до бесмртноста дојдоа со огромна поддршка за него во Кардиф и легендите на Реал, Кристијан Карембу (освојувач на ЛШ во 1998 и во 2000 година), Раул (освојувач на ЛШ во 1998, 2000 и во 2002 година), Роберто Карлос (1998, 2000 и 2002), Луис Фиго (освојувач на ЛШ во 2002), Предраг Мијатовиќ (1998), Мичел Салгадо (2000 и 2002) и Кларенс Сидорф (1998 со Реал, 1995 со Ајакс и 2007 со Милан).

Се вчитува...