Срна потврди: Ми најдоа недозволена супстанца, се повлекувам од натпреварување

Долгогодишниот хрватски репрезентативец Дарио Срна потврди дека бил позитивен на допинг-тест, поради што ги пропушти последните натпревари на својот тим Шахтјор Доњецк. УЕФА денеска објави дека Срна воопшто не бил тестиран за време на средбите од европските купови, но самиот фудбалер се јави со изјава, појаснувајќи дека станува збор за „случаен тест“, извршен врз него по случаен избор, а не по завршување на некој натпревар.

Од страна на Националниот Антидопинг центар на Украина бев известен дека на примерокот даден на 22 март 2017 година при „тестирање надвор од натпреварување“ е пронајдена недозволена супстанца. Како прво и најважно сакам веднаш искрено да истакнам дека никогаш свесно или со намера не сум користел некое недозволиво средство за да го подобрам својот ефект на спортскиот терен. Моментно ги истражувам можните извори за пронајдената супстанца и потполно, доброволно и со целосна почит соработувам со Антидопинг центарот на Украина“ – истакна Срна.

Се вчитува...