Стамески: Потребна ни е уште една победа за да ја оствариме нашата цел

Тренерот на Бадел, Петар Стамески, е задоволен од прикажаното на своите избранички, но вели дрка им е потребна уште една победа за да стигнат до посакуваната цел.

„Честитки за победата на моите деовјки, но и на кошаркарките на Струга за фер играта на теренот. Задоволен сум од она што го покажавме на теренот, игравме добро во целиот меч. Во Куп натпреварувањата знаеме дека мора да оствариме две победи за да стигнеме до посакуваната цел, односно до трофејот“, истакна Стамески.

Се вчитува...