Станиќ: Трансферот во Вардар беше готова работа, но…

Дарко Станиќ доживеа блескави моменти во својата кариера на голот на Металург, со што беше еден од милениците на македонската ракометна јавност. И неколку години по неговото заминување од Автокоманда името на Станиќ беше поврзувано со камбек во македонскиот ракомет, а најгласни беа шпекулациите во текот на сезонава, кога искусниот Србин се споменуваше како сериозна опција за замена на Арпад Штербик.

Станиќ на крајот реши да ја заврши кариерата и да му каже збогум на ракометот, но 39-годишниот голман во интервју за српскиот весник „Ало“ потврдува дека преговорите со Вардар биле многу сериозни.

„Оние кои ме знаат добро знат дека не може од мене да очекувате логичен одговор на логично прашање. И така беше… имав одлична понуда од Вардар, трансферот беше речиси готова работа, но јас во последен момент ја одбив и реши да се пензионирам. Причината е што што проценив дека веќе не можам да бидам оној вистинскиот. Не можев тоа да си го дозволам, да заминам некаде и да не бидам најдобрата верзија од себе. Не поради другите или поради трофеите, туку поради мене самиот“ – изјави Дарко Станиќ.

Се вчитува...