Станковски: Митјиланд беше одличен, но ние одиме во Будимпешта

ЖРК Вардар обезбеди ново учество на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, кој ќе се игра во Будимпешта на 6/7 мај. Во еден тежок натпревар, во кој вардарки беа непрепознатливи во првиот дел, на крајот сепак радоста беше „црвено-црна“.

Помошниот тренер Аце Станковски вели дека ракометарките на Вардар направија премногу технички грешки во првите 30 минути, но се подобрија во второто полувреме.

„Митјиланд во Скопје одигра подобро отколку на првиот меч. Вардар беше под нивото во првото полувреме, направивме многу технички грешки, а ривалот беше цврст во одбраната. Сепак, во второто пплувреме одигравме подобро, ги намаливме техничките грешки и успеавме да стигнеме до триумф. Со поагресивна игра во вториот дел заслужено победивме и одиме во Будимпешта“, изјави Аце Станковски.

Тренерот на Митјиланд, Кристиан Кристенсен, беше разочаран од поразот.

„Сакам да му честитам на Вардар за пласманот во Будимпешта. Ние имавме два добри натпревари, неизвесни, и имавме добри периоди во играта. Имавме и водство од 15-12, сакавме и се надевевме дека можеме да победиме. Неколку грешки не чинеа пораз. Треба да бидеме горди на девојките за она шшто го покажаа. Ќе имаме и анализа веќе утре за да видиме каде грешевме“, изјави Кристенсен.

Се вчитува...