Станковски: Поразот од Шкендија нема да остави последици на тимот

Тренерот Работнички, Горан Станковски, сака неговите фудбалери брзо да го заборават поразот од лидерот Шкендија и да се фокусираат на следниот предизвик, гостувањето кај Победа.

„Ја забораваме Шкендија и се насочуваме на претстојниот натпревар против Победа. Мислам дека нема да остави последици тој пораз од Шкендија, затоа што такви беа околностите на натпреварот, игравме со играч помалку, а и мора да бидеме реални дека противникот игра во одлична форма. Но, сега сме максимално фокусирани на дуелот со Победа. Работиме напорно, не не интересираат случувањата во туѓиот двор, гледаме да напреднеме во сите сегменти и се надеваме на позитивен резултат“, вели шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...