Станојковиќ: Од 1994 година сум во федерацијата, ваква година македонскиот фудбал никогаш немал!

Изнесувајќи краток осврт за годината која ја оставаме зад нас селекторот на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години, Вујадин Станојковиќ вели дека ова е без сомнение најдобрата година за македонскиот фудбал.

Станојковиќ вели дека повеќе од 20 години, преку разни функции, е дел од Фудбалската федерација на Македонија, што му дава за право да компарира во однос на минатото. Репрезентацијата до 19 години под негово водство се избори за елитни квалификации на УЕФА, а за успехот потенцира дека ниту најмалку не е случаен, но е резултат на големи вложувања во младите категории сите изминати години…

„Анализирајќи ја годината која останува зад нас мора да кажам дека ниту еден од овие успеси на младите репрезентации на Македонија воопшто не се случајност. Оној одличен резултат на младата репрезентација до 19 години, ја посочувам неа бидејќи сум селектор на истата и можам да зборувам за неа, е граден со години а секако најмногу оваа година кога и беше квалификацискиот турнир. Сето тоа со огромна поддршка од Фудбалската федерација на Македонија и целокупната логистика која безрезервно ја имавме од ФФМ како никогаш досега во историјата“ – истакнува Станојковиќ, и дополнува:

„Во федерацијата и репрезентациите на Македонија сум од 1994 година, повеќе од 23 години. Најпрво како репрезентативец, па потоа како дел од структурите на федерацијата, па заменик селектор во периодот на Сречко Катанец, и селектор на млади категории фудбалер. И можам слободно да кажам дека ова е најуспешната година за македонскиот фудбал, без конкуренција. Пред се за младите категории. Се што ни се случи е минат труд, многу ангажман, работа и професионализам. Токму затоа сум сигурен дека во иднина ќе дојдат сите работи на свое место и ќе дојдат уште поголеми резултати и поголеми успеси“.

Се вчитува...