„Старата дама“ и со играч помалку го освои Удине: Хет – трик на Кедира

Италијанскиот првак Јувентус се врати на победнички колосек во Серија А. „Старата дама“ славеше убедливо (2-6) на гостувањето против Удинезе, иако од 27.минута играше со играч помалку на овој меч. Глупост направи Марио Манџукиќ, кој заработи два жолти картони за десетина секунди, но тука беше Сами Кедира, кој постигна хет – трик.

Удинезе поведе со голот на Перица, но потоа Самир си постигна автогол, а Кедира донесе предност за Јувентус.

Данило израмни на 2-2 на стартот на вториот дел, но потоа Јувентус уфрли во нова брзина. Ругани брзо го врати водството на „старата дама“, следеа уште два гола на Сами Кедира, а во завршницата и Пјаниќ се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...