„Старата дама“ му наби рогови на Торино

Италијанскиот првак Јувентус продолжува со максимален ефект во Серија А. Вечерва се играше градското дерби, а „старата дама“ убедливо го надигра Торино и го порази убедливо со 4-0.

Тренерот Масимилијано Алегри стартуваше без Гонзало Игуаин, а тоа донесе допадлива игра за Јувентус. Пауло Дибала го отвори резултатот во 16.минута, а осум минути подоцна Торино остана со играч помалку поради исклучувањето на Басели.

Противникот тоа знаеше да го искористи, па Пјаниќ во 40.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел, Алекс Сандро го постигна третиот гол за „старата дама“, а серијата во завршницата повторно ја затвори Пауло Дибала.

All Goals & Highlights HD – Juventus 4-0 Torino… by taftadarka2016

Се вчитува...