„Старата дама“ направи решавачки чекор кон „скудетото“

Италијанскиот првак Јувентус оствари триумф над Аталанта од 2-0 на домашен терен во заостанатиот натпревар од Серија А и ја зголеми предноста на врвот на табелата на четири бода во однос на Наполи. Се чини дека „старата дама“ направи решавачки чекор во одбрана на шампионската титула. Тоа беше 12.последователна победа за Јувентус во италијанскиот шампионат.

Гонзало Игуаин донесе предност за тимот на Масимилијано Алегри, а Блес Матуиди го постави конечниот резултат во 81.минута од средбата. Само две минути претходно, Аталанта остана и со играч помалку, поради исклучувањето на Манцини.

Се вчитува...