„Старата дама“ не му прости на Лацио

Италијанскиот првак Јувентус се врати на победнички колосек во Серија А, откако во минатото коло загуби од Фиорентина. „Старата дама“ во пладневниот термин го совлада Лацио со 2-0 на домашен терен и ја задржа предноста од четири бода во однос на Рома и на Наполи.

Јувентус фуриозно го почна натпреварот и веќе во петтата минута дојде до водство, со голот на Пауло Дибала. Во 17.минута, Гонзало Игуаин зголеми на 2-0, и беше јасно дека Јуве ќе стигне до триумф. „Лацијалите“ немаа сили да возвратат во Торино.

Paulo Dybala Fantastic Goal HD | Juventus 1-0… by footballTVGonzalo Higuain Goal ~ Juventus vs Lazio 2-0 by the-dinh-van

Се вчитува...