„Старата дама“ се „коцкаше“, но обезбеди четвртфинале во Купот на Италија

Иако непотребно си се доведе до неизвесна завршница, сепак Јувентус обезбеди место во четвртфиналето од Купот на Италија по победата од 3-2 против Аталанта.

„Старата дама“ по првото полувреме дојде до предност од 2-0 благодарение на погодоците на Дибала во 22. минута и Манџукиќ во 34. минута низ тотално доминантна игра.

Сепак, во второто полувреме, во 72. минута гостите преку Конко намалија на 2-1. Откако Пјаниќ од пенал во 75. минута повторно донесе предност од два гола за Јувентус, во 81. минута Лате Лат стрелаше за Аталанта за неизвесна завршница. Но, сепак гостите немаа сила до крај да го загрозат триумфот на „црно-белите“.

All Goals & Highlights HD – Juventus 3-2… by arcturusmedia33

Јувентус во четвртфиналето на 25. јануари го очекува пресметка со подобриот од осминафиналниот дуел меѓу Милан и Торино.

Се вчитува...