Стартува интернационалниот ракометен турнир „Струга 2017“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12
Фудбал
23/08/2017 18:43

Стартува интернационалниот ракометен турнир „Струга 2017“

Стартува интернационалниот ракометен турнир „Струга 2017“

Од денеска па до 15. август Струга повторно ќе биде во фокусот на домашната ракометна јавност преку традиционалниот меѓународен турнир “Струга 2017“ кој по 45-ти пат ќе се одржува на теренот на „Женска плажа“.

Вкупно шест екипи ќе партиципираат на годинашниот турнир меѓу кои, покрај домашните Металург, Охрид и Струга, и францускиот Шартр, турскиот Бешикташ и Алингсас од Шведска.

За следните четири дена се најавуваат квалитетни натпревари кои треба да бидат еден вид најава и за новата ракометна сезона. Свеченото отворање на турнирот е закажано за денеска од 18:45 часот, по што ќе следат дуелите меѓу Шартр и домаќинот Струга како и Бешикташ и Алингсас.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА „СТРУГА 2017“

Сабота (12. август): Шартр – Струга (19:30 ч.), Бешикташ – Алингсас (21:15 ч.)

Недела (13. август): Бешикташ – Охрид (19 ч.), Металург – Шартр (20:45 ч.)

Понеделник (14. август): Металург – Струга (19 ч.), Алингсас – Охрид (20:45 ч.)

Вторник (15. август): Натпревар за петто место (18 ч.), Натпревар за трето место (19:45 ч.), Финале (21:30 ч.)

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.