Стартува првиот Суперкуп на АБА-лигата

За прв пат во историјата на АБА-лигата ќе се одржи Суперкуп, кој со натпреварите стартува утре, додека целокупниот настан во Бар, ќе се одржува до сабота, 23. септември.

На турнирот ќе учествуваат осум екипи избрани според еден критериум, редоследот на конечната табела од сезоната 2016/2017, без шампионот Црвена звезда.

Почнувајќи од второпласираната Цедевита, останатите учесници се Партизан, Будуќност, Игокеа, Мега бемакс, Цибона, домаќинот Морнар и ФМП.

За утре се закажани сите четири средби од кои ќе се дознаат полуфиналните парови. Во петок, најдобрите четири екипи ќе се борат за влез во финалето, кое ќе се игра еден ден подоцна.

Четвртфинални дуели:

Цедевита – ФМП (14:30ч)

Игокеа – Мега Бемаџ (16:25ч)

Будуќност – Цибона (19:00ч)

Партизан – Морнар (21:15)

Се вчитува...