Стартуваат второлигашките возбудувања: Жестока конкуренција за прволигашка промоција и на Истокот и на Западот

Со натпреварите од денешното 15. коло од 14 часот стартува и пролетната сезона во домашната второлигашка конкуренција.

И по зимскиот трансфер период, а согласно амбициите на пооделните екипи, сосема е јасно дека жестока е конкуренцијата за прволигашка промоција, и на Истокот и на Западот.

Во Втората лига – Исток по есенкиот дел на врвот е струмичка Беласица, иако е јасно дека ниту Борец Велес, Кожув и Брегалница нема предвреме да се откажат за освојувањето на првото место. Беласица во моментов е со четири бода предност во однос на второпласираниот Борец.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (15. коло, денеска 14 ч.)

Брегалница – Тиквеш

Кожув – Саса

Борец – Плачковица

Победа Валандово – Беласица

Слободен е Осогово

Во Втората лига – Запад, Гостивар по вчерашниот триумф од 0-1 на гостувањето против Велазерими во Кичево ја презеде лидерската позиција. Во трката за првото место кое води во Првата лига пролетва, покрај Гостивар и Велазерими, ќе „војуваат“ и Струга Трим Лум, Македонија ЃП и Еуромилк ГЛ.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (15. коло, денеска 14 ч.)

Зајази – Еуромилк ГЛ

Лабуништа – Локомотива

Македонија ЃП – Новаци

Тетекс – Струга ТЛ

ВЧЕРА: Велазерими – Гостивар 0-1

Се вчитува...