Стартуваше операцијата „Алжир 2017“ – Младите од денеска на подготовки во Маврово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир на стартот од подготовките за настапот на Светското првенство 2017 кое од 18. јули не очекува во Алжир.

Веднаш по првата прозивка на селекторот Илија Темелковски, младите ракометари заминаа за Маврово каде во следните десет дена ќе биде одработена првата фаза од подготовките. Темелковски ќе може да смета на сите расположиви сили, вклучувајќи го и капитенот Филип Талески кој ќе настапи во Алжир, како и Марко Нелоски и голманот Мартин Томовски кои имаат повреди, но се очекува да бидат подготвени за настапот на СП.

„Ќе се комплетираме во сабота, денеска директно во Маврово доаѓаат Филип Кузмановски, Горан Крстески и Дарио Петревски, а Филип Талески ќе ни се приклучи во сабота и на утринскиот тренинг ќе бидеме комплетни со сите 19 играчи. Стартуваме расположени, позитивни, се надевам во тој дух ќе продолжат и подготовките и потоа настапот на СП во Алжир“ – вели селекторот Илија Темелковски.Ракометарите во Маврово остануваат до 6. јули. По мавровските подготовки, младинците ќе имаа неколкун дена тренинзи во Скопје, а „генералките“ пред СП ќе бидат два меча против селекцијата на Катар на 10. и 11. јули во Доха. Завршните подготовки, македонските младинци ќе ги одработат во Скопје, а на 16 јули заминуваат за Алжир.

„Добро ќе ни дојдат овие два натпревари со Катар за да се навикнеме на тој, малку подруг систем на игра на неевропските репрезентации. Со европските репрезентации веќе имаме играно и добро ги знеме. Мислам дека ќе ни бидат доволни овие две контролни средби. Битно е да останеме фокусирани, неповредени и што поподготвени да го дочекаме Светското првенство“ – истакнува Темелковски на стартот на подготовките пред СП.

Македонија на СП 2017 во Алжир кое ќе се игра од 18. до 30. јули, е во група со Шпанија, Русија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо.

[new_royalslider id=”703″]

Се вчитува...