Статистика: Енис Барди, „најпеколен“ играч на ЕП во Полска

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, е ’најпеколниот’ играч на Европското првенство во Полска. Тој по трите одиграни натпревари од групната фаза, се наоѓа на првото место во рангирањето за најмногу упатени шутеви во рамките на противничкиот гол, вкупно 7 обиди, а од нив два завршија на вистинското место, во мрежата на Србија, односно на Португалија.

По заокружување на натпреварите од групната фаза, УЕФА ги објави деталните статистички показатели, кои го исфрлија Енис Барди како фудбалер кој играше најконкретен фудбал, упатувајќи вкупно 13 шутеви кон голот на противникот. Седум од нив завршија во рамките на голот, два беа непрецизни, а имаше и два блокирани удари.

bardi statistika

Енис Барди со два постигнати гола се наоѓа и при врвот на листата на стрелците. Тој постигна два гола и е веднаш зад Брума (Португалија) и Марко Асенсио (Шпанија), кои беа стрелци на три гола во групната фаза од ЕП во Полска.

Македонија како селекција се наоѓа на четвртото место по бројот на упатени удари кон противничкиот гол, вкупно 46, што доволно добро ја отсликува и офанзивната стратегија која ја форсираше селекторот Благоја Милевски, определбата да се надигрува со секој противник на Европското првенство.

Се вчитува...